Македонија за прв пат во историјата нема да учествува на евровизија. Јавноста одамна тоа го бараше

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година, ова денеска го потврди директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за прв пат од своето осамостојување.

Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја – изјави замедиуми Марјан Цветковски.

Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за прв пат од своето осамостојување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.