Македонија, како најбогата држава во регионот плаќа најскап леб. Браво за пекарите и мелничарите

Статистиката на „Радио Слободна Европа“ покажува дека цената на лебот (во период од јули 2021 и 2022 година) најмногу се зголемила во Црна Гора, и тоа за 50 отсто.

И овој пак, како и во се друго нашата држава е лидер во цените. На инфографикот подолу погледнете и проанализирајте. Немаме конкуренција кога се работи за цената на лебот. Макар што има држави кои за разлика од нас немаат житни полиња, увезуваат сировина и имаат далеку поголеми трошоци на производството…
Македонија, како најбогата држава во регионот плаќа најскап леб. Браво за пекарите и мелничарите

Косово е на второто место со зголемување од 39 отсто, додека Македонија го дели третото место со БиХ (35 отсто).

Во Србија поскапувањето изнесува 24 отсто, додека во Албанија 20 проценти.

Сепак, иако лебот во Македонија не е поскапен најмногу, во моментов, тој е најскап во регионот. Неговата цена е 0,81 евро или 50 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.