Македонија поразена од Холандија во последниот натпревар на ЕУРО 2020

Loading...

Македонската фудбалска репрезентација во последниот натпревар на ЕП во фудбал во рамките на групата Ц загуби од селекцијата на Холандија со 3-0.
Холандија поведе на денешниот меч против Македонија со 1-0, но овој погодок го навлече гневот на македонските навивачи во Амстердам.
Причината е поради тоа што Пандев беше остро фаулиран, а судијата не ја прекина играта по што Холанѓаните повлекоа контра и Депај го отвори резултатот во 24 минута од мечот.
Во 51. минута од натпреварот, Мемфис Депај ја испрати топката во шеснаесетникот, каде беше примена од Вијналдум и погоди за 2-0.
Во 58. минута уште еден гол постигна Вајналдум за конечни 3-0.Европскиот шампионат Македонија го заврши на последното место во групата со Ц, со три порази од три натпревари.

loading...
Loading...