Македонија тргна за Варшава со желба за изненадување и нова победа

Loading...

По тешката победа над Словенија на домашен терен, репрезентативците на Македонија немаа многу одмор и утрово тргнаа на пат за Варшава. Таму ќе и гостуваат на селекцијата на Полска која е лидер во нашата група и фаворит за пласман на Европското првенство 2020.
Позитивната атмосфера и одличната форма на фудбалерите, селекторот Игор Ангеловски се надева дека ќе ја види и на ова тешко гостување. Целта е да се освојат три бода, а со оглед на квалитетот на противникот, и реми нема да биде така лош резултат.


Денес нашите фудбалери ќе одржат тренинг на „Полонија“ стадионот во 18:00, а официјалниот тренинг е закажан наредниот ден, утрината во 11:00 часот.
Мечот од осмото коло во квалификацискиот циклус меѓу Полска и Македонија се игра в недела со почеток од 20:45 часот.

loading...
Loading...