Македонијо, каква беда си ти!Вечерва нема ЛШ на ТВ, операторите ќе емитуваат само програма на МРТВ!

Loading...

И тоа дочекавме!!! Е, па, Македонијо нека тие е „Среќна Нова 1949“. Македонијо каква беда си ти! Има да гледаш само МРТВ и ништо друго. За тебе нема врвен спорт, за тебе нема ЛШ. Македонијо, ти вечерва нема да гледаш како Елмас игра против Барселона.

Нека ти е со среќа МЕДИУМСКИОТ МРАК.

Имено како што се вели во соопштението на операторите на кабелските ТВ, тие од вечерва нема веќе да пренесуваат ниту емитуваат, нити реемитуваат било каква програма освен онаа на МРТВ. Значи ќе ги нема и сите спортски канали. И се поради што на некому му текнало да изгласа закон, што е во спротивност на прописите на ЕУ, барем така велат операторите, а во кој стои низа прописи кои едноставно не можат да се исполнат. Да потсетиме дека овој закон беше донесен од страна на Собранието на 16 февруари и тоа по кратка постапка, на неколку часа пред неговото распуштање.

Да се прекинат програмите е одлука на Здружението на информатичко – комуникациски технологии, во кое учествуваат десетина оператори.

Извор: ЊУЗ.ИНФО

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...