Македонка во Австралија – својот скап автомобил го возела со над 200 км на час, заврши на суд

Македонката Маргарита Томовска која живее во Австралија ќе одговара на суд поради пребрзо возење. Оваа како што ја нерекуваат ,,Мерцедес мама“, ќе траба да плати казна од 260.000 илјади австралиски долари.
Откако ја забележала полицијата на еден од автопатите, таа се обидела да им избега, па бркотницата траела десетина километри, по што била уапсена.


27 годишната Маргарита е позната на социјалната мрежа Инстаграм и во дел од австралиската јавност, по фотографиите со скапи автомобили, меѓу кои и со ,,Мерцедесот за принцеви“, како што ја нарекуваат скапата машина. Инцидентот со Томовска се случил во ноември, лани, а судењето се одржа на осми јануари, оваа, 2019 година.