Македонската амбасада во САД за почист Вашингтон

Loading...

Македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, е меѓу 25-те амбасадори кои во четвртокот се приклучија на кампањата на градските власти на Вашингтон за создавање на еколошки најнапреден град во САД.

На церемонијата, што се одржа во амбасадата на Австралија во Вашингтон, градоначалникот Винсент Греј и 25 амбасадори потпишаа договор со кој се залагаат да го поддржат градот во заштитата на животната средина.
Договорот, како што јави дописникот на Македонската информативна агенција од Вашингтон, предвидува соработка за намалување на испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата, намалување на потрошувачката на енергија и вода, зголемено користење на енергија од обновливи извори и користење на еколошки поефикасни возила.
Макфакс
Македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски, е меѓу 25-те амбасадори кои во четвртокот се пр

loading...
Loading...