Македонска делегација во Рим по повод Св. Кирил и Методиј

Loading...

Денес Македонија го чествува националнииот празник на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. И годинава централната свеченост ќе се одржи во базиликата Сан Клементе во Рим и на неа ќе присуствува наша државна делегација.
Делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во делегацијата се и вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и пратениците Крсто Мукоски, Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими и Ирена Стефоска…
Освен молебенот во Сан Клементе, предвидено е македонската заедно со бугарската делегација да положи цвеќе пред плочата во чест на Свети Кирил во базиликата Санта Марија Маџоре, а ќе има и аудиенција кај Папата.
Свеченост за Светите Кирил и Методиј во земјава ќе се одржи во Националната филхармонија во 16 часот и на неа најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

loading...