Македонски државјани може да излезат од земјава со потпишување на оваа изјава

Loading...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според информација од МВР, за македонски државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување на соодветна изјава, која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.
При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.


Владата донесе протокол за транзит на странски државјани на нашата територија. Истиот овозможува транзит само преку граничните премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг, со обврска при транзитот да не се напушта соодветниот автопат или локален пат, и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа, а истото ќе се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба да се предаде на граничната полиција со цел да се контролира времeтраењето на транзитот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

loading...