Македонски синдром: Да не работиме, а да имаме пари

Loading...

Една пуста, позната желба на секој Македонец, да не работи, но да има пари…
Да најдеш нормална работа во оваа денешно време, каде ќе бидеш платен добро, според она што го работиш и заслужуваш, е навистина голем предизвик во Македонија.
Во минатото се знаело, дека ако учиш, после школувањето те чека убава и платена работа, и сите тежнееле кон тоа, но за жал денеска не е така.
Секое дете со сигурност барем еднаш во живото ја слушнало реченицата, учи за да не работиш. Некои луѓе, оваа реченица ја сфатиле сериозно, здраво за готово.


Дали знаете дека е во мода, тренд на живеење мрзеливост. Kога ни е најубаво? Tогаш кога не правиме ништо! Иако оние кои многу работат не би се согласиле со ваквиот концепт на живот.
Сепак мрзеливоста во последно време доживува голема популарност. Многу психолози посочуваат дека здодевноста и неправењето ништо, за нас се одлична ментална состојба.Иста е ситуацијата и кај жените и кај мажите. Сите сакаат да уживаат, со кренати нозе во воздух.
Тоа значи дека наместо да ги преокупираме мислите за тоа како постојано мораме да бидеме активни, да работиме како роботи, да заработуваме огромни пари, посветени на обврските, ние треба да го одмораме мозокот, да ги полниме батериите.Ете тоа, бидејќи и онака се поминува….

loading...
Loading...