Македонското девојче на кое треба да сме горди: Ева има само 9 години, а на 11 натпревари освојува злато

Loading...

Македонското девојче Ева Соколовска повторно се закити со злато. Таа пред неколку дена на републичкиот натпревар во Германија, каде што живее со семејството, го освои првото место во ритмичка гимнастика.
Ова на Ева е 11-то по ред прво место од вкупно 11 натпревари кои ги имала за своите девет години.
Овој турнир е најголемиот каде таа победата ја освои без конкуренција, со три поени повеќе од второ пласираната натпреварувачка. Ева настапи четири кореографии- чуневи, хулахоп, соло и топка и во сите четири кореографии го постигна најдобриот резултат.


-Ева се натпреварува во нај силната класа, тоа значи дека директно да се пласира за Олимпијада . Таа тренира и за репрезентација, што значи дека два пати месечно оди на контрола за проверка на капацитет, кондиција и се што е потребно за активен спортист кого го подготвуваат за Олимпијада. И претстојат уште два турнири за летен пехар и уште еден пријателски натпревар во Холандија. Освен тоа настапи хуманитарно за денот на детето во Турција, велат нејзините најблиски.

loading...