Македонците навалија на море, на Богородица се чека 40-50 минути

Уште од синоќа, а особено денес заради продолжениот викенд на граничниот премин “Богородица“ има колони возила.
Од дежурната гранична служба за МИА изјавија дека на моменти автопатот е полн со автомобили до казиното “Принцес” и дека за поминување на границата кон соседна Грција се чека од 40 до 50 минути иако автомобилите границата ја минуваат низ сите шест сообраќајни ленти.