Македонците со истечен пасош низ светот нема скоро да дојдат до патна исправа

Loading...

Македонските граѓани кои се наоѓаат во странство а на кои им е истечен пасошот нема во скоро време да дојдат до патна исправа. Иако тие веќе подолго време бараат тимови од Министерството за надворешни работи да дојдат во нивните држави за да им земат податоци и да ги фотографираат тоа засега не е можно.
Причината е јасна а тоа е корона кризата и строгите протоколи за патување. Згора на тоа, барања има многу, од Нов Зеланд, Австралија, Скандинавија, но најмногу од Германија. Но, МНР има само една подвижна машина и невозможно е да стигнат насекаде.
Планот што беше направен за оваа година се измени и сега се прави друг за 2021 година. Кога ќе стигнат во сите земји и самите не знаат.
Затоа, од МНР ги советуваат македонските граѓани да дојдат во својата земја и тука да извадат патна исправа која и доколку е истечена неоподните документи за да дојдат дома ќе го добијат во најблискиот конзулат или амбасада.

loading...