Макрон и Абас: Плановите на Израел за анексија на Западниот Брег се црвена линија

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека плановите на Израел за анексија на Западниот Брег претставуваат црвена линија.

„Плановите на Израел за делумна или целосна анексија на Западниот Брег, вклучително и „де факто“ преку изградба на израелски населби, претставуваат црвена линија на која ќе реагираме силно со нашите европски партнери доколку бидат спроведени. Насилството на доселениците и забрзувањето на проектите за населување достигнуваат нови рекорди што ја загрозуваат стабилноста на Западниот Брег и претставуваат кршење на меѓународното право“, рече Макрон на прес-конференција по средбата во Елисејската палата со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, пренесува BFM TV.

Макрон повтори дека приоритет е организирање слободни избори на палестинските територии.

Пронајдете не на следниве мрежи: