Мал водич за дешифрирање на сигналите кои ни ги испраќаат момците

Loading...

Мажите се чудни и прекрасни суштества, но понекогаш обидот да се разбере нивниот посебен начин на изразување и јазик е малку попредизвикувачки отколку што очекуваме. Следниот пат кога ќе имате проблем да сфатите што навистина значи однесувањето на вашиот партнер, држете се до овој мал водич за дешифрирање.
Дали тој испраќа цвеќе?
Тоа зависи од приликата заради која испраќа цвеќе, но во повеќето случаи, станува збор за човек кој е романтичен, ужива во улогата на маж и е малку старомоден. Тој е убав и многу срдечен.
Подарува накит?
Повторно, тој е човек кој е малку старомоден. Сака да и купува убави работи на својата партнерка и да ја гледа среќна. Тој сака да подарува работи и тоа е неговиот начин на размислување – поради тоа што ваквите постапки ќе ја направат бескрајно среќна неговата партнерка.
Дали испраќа пораки веднаш штом ќе се разбуди?
Ако ви испрати СМС-порака веднаш штом ќе се разбуди, тоа значи дека вие сте постојано во неговите мисли. Од друга страна, ако ви испрати СМС во два часот наутро, има само секс на ум. Тој ве смета за негова лична секс играчка и тоа е тоа.
Дали храната ја нарачува или самиот ја подготвува?
Уште еден романтичен гест. Со овој гест, тој сака да ве извести дека ужива да се грижи за вас и дека сака да се грижи.
Дали молчи?
Не се грижете. Дајте му ден-два и немојте постојано да го „барате“, затоа што само ќе го однесете подалеку од вас. Ако молчи и по неколку дена, прашајте го што се случува и дали можете да му помогнете.

loading...