Мамиќ им се извини на Србите

Loading...

Извршниот претседател на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, во понеделникот упатил извинување до сите Срби, кои се почувствувале навредени од неговите минатонеделни изјави, упатени до хрватскиот министер за наука, образование и спорт, Жељко Јовановиќ.Во извинувањето упатено до сите Срби, контроверзниот Мамиќ тврди дека има повеќе пријатели во Србија „од целата хрватска влада заедно“.„Сакам да им се извинам на сите Срби и да објаснам дека не сакав да го навредам српскиот народ. Исклучително ги почитувам вашите луѓе. Немам намера да се додворувам, навистина е така. Ги почитувам Србите и им се извинувам на сите кои можеби се навредиле од моите зборови. Јас имам повеќе пријатели во Србија, отколку што тоа го има целата хрватска влада“, изјавил Мамиќ за таблоидот „Информер“.Мамиќ, чија изјава во врска со министерот Јовановиќ предизвика и лавина негативни коментари во Хрватска, смета дека неговата изјава е за секоја осуда и дека она што го кажал не треба да има место во цивилизираната комуникација.Сепак Мамиќ не се покајал поради зборовите кои ги упатил до министерот Јовановиќ.Здравко Мамиќ, на 16.март беше пуштен да се брани од слобода, откако една ноќ мина во притвор, под обвинение дека ден претходно во радио емисија го навредил министерот Јовановиќ и српското малцинство, со што поттикнал омраза кон сите Срби.
МакфаксИзвршниот претседател на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, во понеделникот упатил извинување до сите Срби

loading...
Loading...