Марина Туцаковиќ повторно заминува на лекување

За да ја прими втората доза од експерименталната вакцина против рак, Марина Туцаковиќ наскоро заминува по вторпат во Германија.
-Мислам дека тоа ќе биде за три недели, не сум сигурна точно кога заминувам, но секако дека се плашам.

Тоа е нормално, јас сум постојано омалаксана. Духот ми е силен, но телото се уште ми е слабо, искрено вели Марина во интервју за српски Свет.