Маринец уби двајца колеги во база во САД

Loading...

Припадник на Корпусот на морнаричката пешадија на армијата на САД отворил оган во базата Квантико во сојузната држава Вирџинија, што загинале двајца негови колеги, јавува во петокот телевизиската мрежа NBC News.

Инцидентот се случил во ноќта кон петокот по локално време. Засега, според достапните информации на телевизија, војникот осомничен за убиството се забарикадирал во едена просторија во внатрешноста на базата, пред да се самоубие. Секое движење и пристапот кон базата Квантико е забранет. Непозната е причината за овој инцидент.
 Се верува дека љубовна врска e причина за трагедијата се одиграла во близината на офицерската академија на Корпусот на маринците во базата Квантико во северна Вирџинија, изјавил неименуван претставник на американските маринци.
 Напаѓачот и двете жртви, маж и жена, беа припадници на персоналот на академијата и не биле питомци, рекол официјален претставник од министерството за одбрана. Тој го нарекол инцидентот „изолиран” додавајќи дека „немало ништо случајно”.
 Имињата на жртвите нема да бидат соопштени следните 24 часа, додека не бидат известени нивните семејства.
 Воената полиција и канцеларијата на шерифот на округот, одговориле на пријавата за истрели околу 10:30 по локално време и на местото на настанот пристигнале во рок од пет минути, изјави командантот на базата, полковникот Дејвид В. Максвел на прес-конференција во петокот.
 Тие го откриле телото на маринец во една просторија во базата. Во 3 часот офицерите ги пронашле уште две тела, меѓу кои е и она на напаѓачот, се повикува телевизијата на официјални извори од базата. Сите три жртви биле активни маринци на должност, а биле прогласени за мртви на самото место на настанот.
 Останува нејасно зошто офицерите се двоумеле да влезат во базата. „Регистрирано е задоцнување, но не можам да одам во детали за должината на задоцнувањето”, изјавил портпаролот на базата потполковник Агустин Соливан во петокот.
 Напаѓачот починал од самонанесени прострелни рани, изјавија официјални лица од базата.
 Првичните извештаи покажаа дека напаѓачот може поставил барикади и замки во базата.
Базата беше веднаш блокирана по инцидентот, но порано во петокот нејзиниот статус е вратен на ниво „зелена фаза”, што значи дека операциите се извршуваат нормално.
Макфакс
Припадник на Корпусот на морнаричката пешадија на армијата на САД отворил оган во базата Квантико во сојузната држава

loading...
Loading...