Маринирани пилешки ражничи

Loading...

Здрава комбинација на пилешко месо богато со протеини и мед, е идеален избор за здрав ручек, кој можете да го подготвите со вашиот омилен гарнир.
Состојки:
• 60мл масло
• 80мл мед
• 80мл соја сос
• прстофат бибер
• 4 пилешки филети исецкани на коцки
• 2 чешниња лук
• 3 црвени кромиди сецкани на парчиња за ражнич
• 2 црвени пиперки сецкани на парчиња за ражнич
*Зеленчук по жеба
Подготовка:
Во сад заедно измешајте масло, мед, соја сос и бибер. Пред да го ставите пилешкото во маринадата, одделете мала количина сос настрана за да ги премачкате ражничите на самиот крај. Во остатокот од маринадата додатете ги месото, лукот, биберот и црвениот кромид и оставете ги да отстојат во фрижидер 2 часа.
Пилешкото и зеленчукот исцедете ги од маринадата и ставете ги на стапчиња за ражничи. Подмачкајте ја тепсијата и печете ги ражничите 15-20 минути, а откако ќе бидат готови, уште еднаш премачкајте ги со маринадата и уживајте.

loading...
Loading...