Маринирани пилешки шницли

Loading...

800 г пилешки гради
400 мл јогурт
100 г чипс
2 лажици лебни трошки
4 чешниња лук
1/2 лажичка чили во прав
масло, сол и мелен црн пипер
Исечете ги пилешките гради на шницли, посолете ги и наросете ги со црн пипер.
Во сад од јогуртот, исечканиот лук, чилито, сол и црн пипер измешајте маринада. Ставете ги шницлите и оставете да отстојат 1 час.
Извадете ги од маринадата, и облепете ги со истолчениот чипс измешан со лебните трошки. Пржете ги шницлите од двете страни додека поруменат.

loading...