Маричиќ: Соработката со УНДП е важна и клучна за напредокот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со постојаниот координатор и претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григориан.

– Обединетите нации (ОН) и агенциите на ОН се наш децениски партнер во постигнувањето инклузивен и одржлив развој и постигнувањето реформски цели кои произлегуваат од националните приоритети, за што би сакал да изразам искрена благодарност, рече вицепремиерот Маричиќ на почетокот на средбата.

Маричиќ и Григориан разговараа за текот на пристапниот процес, како и за европските реформи кои Владата ги спроведува и во тој контекст потенцираа дека соработката со  ОН е одличен пример за инклузивна донаторска поддршка која ги зема предвид сите релевантни чинители како националната и локалната власт, граѓанските организации, донаторите, приватниот сектор, медиумите и тоа во процесот на планирање, како и во процесот на спроведување на поддршката.

На средбата, Григориан посочи дека приоритетите на ОН за Северна Македонија согласно Рамката за развојна помош на ОН 2021 – 2025 година се одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските активности, природните ресурси и управувањето со ризик од катастрофи, транспарентното и одговорно демократско владеење, кои се целосно во согласност со националните приоритети за развој и полноправно членство во ЕУ. 

Со вицепремиерот Маричиќ разменија мислења и околу потребите од поддршка од страна на УНДП за реализација на реформски проекти и други можности за интензивирање на соработката.

УНДП има спроведено над 200 проекти од осамостојувањето на земјата досега, кои вредат над 66 милиони евра, и тоа финансирани или кофинансирани заедно со други донатори, со што имаат дадено значаен придонес во развојот на Северна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.