Мартовските мразови однесоа пет животи во Полска

Loading...

Неочекуваното враќање на зимата и жестоките мартовски мразови однесоа пет животи во Полска за време на викендот, соопшти во понеделник Центарот за безбедност  на полската влада.Од петокот до неделата поради смрзнување умреле петмина мажи во јужните и источните области на Полска, каде температурите се спуштија и до 18 степени под нулата, а имаше и обилни врнежи од снег.Жртви на студовите се најчесто бездомници, но и старите луѓе кои ги прецениле своите сили и излегуваат надвор по работа или на прошетка.Полскиот Центар за безбедност и полицијата повторно апелираа граѓаните да не поминуваат рамнодушно покрај луѓето кои седат или лежат на клупите на отворено или во напуштени објекти без греење и да повикаат полиција.За доаѓање на пролетта, според прогнозите на метеоролозите, средна Европа ќе мора да почека уште неколку дена, иако Полјаците веќе ги дочекуваат првите штркови.
МакфаксНеочекуваното враќање на зимата и жестоките мартовски мразови однесоа пет животи во Полска за време на викендот,

loading...