Марш во Приштина за обединување на Прешевската долина со Косово

Loading...

Косовското здружение „Чамериа“ во Приштина, организира “Марш за обединување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац со Република Косово. Настанот не е поврзан со ниедна политичка структура, туку е “за доброто на граѓаните на Косово“, тврдат организаторите.
Обединувањето на Прешевската долина, област во јужна Србија со мнозинско албанско население, со Косово е идеја која упорно ја промовира косовскиот претседател Тачи. На идејата,пак, остро се спротивставуваат речиси сите релевантни косовски фактори, како и поголемиот дел од меѓународната заедница.

loading...