Масовна тепачка во парламентот на Украина

Loading...

Масовна тепачка изби во вторникот во парламентот на Украина, каде повеќе десетина пратеници на опозициската националистичка партија Свобода (слобода) и провладините пратеници започнаа кавга дали во парламентот може да се зборува и украински и руски.Пратениците на опозициската партија ја окупираа говорницата на парламентот веднаш откако шефот на пратеничката група на владејачката Партија на регионите Олександар Ефремов започнал да зборува на руски јазик. Пратениците од опозицијата го прекинуваа неговиот говор со повиците „Зборувај на украински!“ и „Срамота!“, пренесува РИА Новости.Како одговор, слично реагираа и пратениците од владејачкото мнозинство кога збор земал челникот на Свобода, Олег Тјањибок кој се обратил на украински јазик.Националистите во тој момент се приближиле до парламентарната говорница на која уште зборувал нивниот лидер, и почнале со турканица и тепачка со парламентарците од Партијата на регионите, пренесува AFP.Претходно пратениците на опозициската Свобода повеќепати најавија дека бараат од сите пратеници да зборуваат исклучиво на украински јазик. Националистите ветија дека ќе ја блокираат парламентарната говорници, доколку некои пратеници се обраќаат на руски јазик.„На своите избирачи нека им зборуваат на руски, но овде, во националниот парламент, треба да зборуваат украински“, изјавил за агенцијата пратеникот на Свобода, Јуриј Сиротјук.Откако безуспешно ги повикувал пратениците да престанат со тепачката, претседателот Врховната Рада (парламентот) на Украина, Володомир Рјибак, ја прекинал седницата и ги повикал лидерите на парламентарните групи во неговиот кабинет на консултации.Украина има значителна руска (околу 18 отсто) и русофонска заедница, и статусот на рускиот јазик во тамошното општество постојано е предмет на конфронтации во оваа поранешна советска република која има 46 милиони жители.Едно од изборните ветуваа на претседателот Виктор Јанукович на изборите во 2010 година, беше да го направи рускиот втор службен јазик во државата.
МакфаксМасовна тепачка изби во вторникот во парламентот на Украина, каде повеќе десетина пратеници на опозициската националис

loading...
Loading...