Мафини со афион и ореви

Loading...

3 јајца
150 г шеќер
200 г брашно
1 пудинг од ванила
1 прашок за печиво
100 мл млеко
200 мл масло
Полнење
100 г афион
100 г ореви
30 мл млеко
Најпрво се започнува со подготовка на полнењето.
Се мелат афионот и оревите. Се става млекото да зоврие, со него се преливаат афионот и оревите, и се промешува.
Во длобок сад се просејуваат брашното, прашокот за пудинг и прашокот за печиво. Се мешаат, и во нив се додаваат шеќерот, млекото, маслото и јајцата. Се матат со миксер околу 5 мин.
Во калапот за печење на мафини се ставаат хартиени корпички.
Секоја корпичка се полни до половина со смесата. На средина се додава од полнењето од афион и ореви, кое го формираме како топче. И одозгора се дополнува од подготвената смеса.
Се печат околу 25 минути на 180 степени.
Од оваа смеса излегуваат околу 16 мафини.

loading...