Мафини со јаболка и бадеми

Loading...

Потребни состојки:
100 г путер
100 г шеќер
2 јајца
1 ванилин шеќер
250 г брашно
2 лажички прашок за печиво
150 г јогурт
50 г мелени бадеми
2 поголеми јаболка
Цимет
Начин на подготовка:
Подгответе калап за мафини. Изматете путер и шеќер и додајте јајца, едно по едно. Додајте јогурт и брашно промешано со прашок за печиво и бадеми. Мешајте додека се соедини. Додајте ги ренданите јаболка и повторно промешајте. Распоредете го тестото во калап и печете ги мафините околу 25 минути во рерна на 190 степени.
Откако ќе се изладат, украсете ги со бадеми.

loading...
Loading...