Машината за перење примила вода и детергент и почнала да пере, а кога погледнав внатре…

Loading...

Знам дека ќе ме осудите како лоша мајка, но сакам да ги предупредам другите за да не им се случи ова, напишала Линдзи Маклвер на Фејсбук, започнувајќи ја приказната за најужасниот настан во својот живот.
Линдзи и нејзиниот сопруг на 8. јули купиле нова машина за перење алишта и ги предупредиле своите три деца да не ја допираат.
Меѓутоа…неколку дена подоцна, таа и сопругот биле разбудени од нивниот 4-годишен син. Детето стоело покрај креветот и плачело, но успеало да каже: “Кло. Внатре. Машина за перење”.
Жената без мислење истрчала во бањата и имала што да види. Во машината влегла вода и детергент и почнала да се врти, а во пената го видела лицето на својат најмала ќерка.

“Врискаше, но надвор не се слушаше глас”, објаснува Линдзи. Родителите испаничилие: машината е нова, не ја познаваат добро, уште не го прочитале упатството за употреба како што треба. Ги послужила среќата, па успеале брзо да ја исклучат машината, да ја отворат вратата и да го извлечат детето. Малата малку се засркнала и имала неколку модринки, но тоа било се.
Иако се плашела дека ќе биде осудена како лоша мајка, Линдзи во коментарите добила разбирање и поддршка, пред се од родителите кои се благодарни за предупредувањето.

loading...