Мајката на исчезнатиот Пино Секундо организира протест

Маја Трпковска, мајка на Пино Секундо (26), момчето кое од Скопје исчезна пред 73 дена, организира мирен протест на 25-ти февруари, со почеток од 16:30 часот, пред Собранието, пишува “Фокус“.
Во разговор за ,,Фокус” таа открива дека е разочарана од потрагата по нејзиниот син, која до сега не дала никакви резултати. Ги повикува граѓаните да и се приклучат бидејќи јавноста заслужува одоговори од надлежните.
-Ги повикувам сите кои имаат некој близок кој исчезнал без трага и глас, ги повикувам сите граѓани кои живеат во страв за својата безбедност, по сите овие зачестени исчезнувања на луѓе, да излезат на мирниот протест во Скопје. Јас не се откажувам од потрагата по мојот син, и минувам низ невидена агонија цели 73 дена. Нема никакви информации од МВР, дури и инспектори на кои им се јавував, ме блокираа на мобилните. Ќе се обратам пред присутните како мајка која е во очај по своето дете и не знае дали тоа е живо цели 73 дена. Не сум политичар и не знам да држам говори, но ќе зборам од срце, како родител. Го повикувам и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да се појави на протестот, да излезе пред граѓаните и да ни даде одговори. Луѓето живеат во страв, заслужуваат одговори, мора да се знае вистината. Се надевам дека ќе ни се обрати. Мачиња се губат, па побргу се наоѓаат – тврди Трпковска во изјавата за “Фокус“.