Пејачот и наследник на големата музичка ѕвезда Лепа Брена, Стефан Живоиновиќ веќе шест месеци живее сам, а како што дознаваат српските медиуми, сам го исплаќа станот земен на кредит.
Стефан Живоиновиќ пред половина година решил да ја напушти семејната куќа на Бежаниска коса во која живеел со родителите и братот, па решил да се осамостои.
Во тоа има целосна поддршка од семејството, а станот кој го пазарил, го исплаќа самиот на рати.
-Не сум веќе дома со моите, сега живеам сам, некои 6 месеци. Станот го купив, и полека го исплаќам на рати. Родителите ме поддржаа во тоа да си одам од нивниот дом. Нормално дека се осамостоив, кој уште ќе живее со родители, на 26 години- искрено одговорил Стефан Живоиновиќ.