Мајка на 36 години возраст почина од КОРОНА, откако и соопштиле дека не во листа на приоритетни за лекување

Loading...

Мајка на 36 години возраст почина од КОРОНА, откако и соопштиле дека не во листа на приоритетни за лекување

Мајка на три деца починала во нејзиниот стан откако се јавила во БРЗА ПОМОШ и и рекле дека не е приоритет и покрај тоа што ги имала симптомите на коронавирусот. Кејла Вилијамс почина од вирусот Ковид-19 во нејзиниот стан во Пекам, еден ден откако управителите на повиците и рекоа сама да се грижи за себе дома. Животот на 36-годишната и беше веќе прекратен во саботата, кога докторите дојдоа на нејзината адреса на јужен Лондон.

Сопругот Фабијан Виламс изјави за „Гардијан“ дека неговата сопруга од петок страдала од кашлица, висока температура и силни болки во градите и стомакот. Документите откриваат дека таа била третирана како осомничен случај на коронавирус кога и било речено да остане дома. Г-н Вилијамс изјави: ‘Се јавив во БРЗА ПОМОШ затоа што мојата сопруга беше без здив, повраќаше и имаше болки во стомакот. „Додека разговарав со нив, состојбата и се влошуваше и ми рекоа да ја ставам на подот“.

Мадицински персонал дојде да изврши некои тестови врз неа во 08.32 часот, но ни рече дека болницата нема да ја хоспитализираат. Г-дин Вилијамс за медиумите изјави: „Таа ми рече дека болницата нема да ја прими бидејќи не е приоритет.

Не остана многу долго кај нас дома, и излезе надвор да го напише својот извештај и ни го подаде низ вратата.

Кога состојбата на неговата сопруга се влошила следниот ден, г-дин Вилијамс ја избањал и и помогнал да се облече. Тој ја остави да се одмори во дневната соба, а потоа кога се вратил, ја пронашол почината. „Таа веќе беше мртва“, изјави тој за медиумите.

Портпарол на службата за брза помош во Лондон изјави: „Бевме повикани во 8:32 часот во петок 20 март на извештаи за лице на кое не му е добро на адреса во Пекам. „Нашите доктори лекуваа пациент и ги советуваа да се јави повторно ако се влоши состојбата. „Бевме повикани следниот ден во 15:24 часот и испративме голем број ресурси со првите лекари кои пристигнаа таму по седум минути. За жал, пациентот починал.

„Ние работиме неверојатно напорно во овие невидени времиња да се грижиме за Лондончаните“.

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

Прочитајте уште и ова:

КОРОНАВИРУС: 24 нови заразени во Македонија денеска!

Филипче најави за идната недела 500.000 маски и 20.000 тестови

Во кои македонски градови има коронавирус и по колку граѓани се заразени?

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...