Мајнц испушти 2:0, Фрајбург 1/2 финалист во германскиот Куп

Loading...

Фудбалерите на Мајнц не успеаја да се пласираат во полу финалето на германскиот Куп, откако по продолженијата го загубија четврт финалниот натпревар со Фрајбург со 2:3.

Екипата на Николче Новески, кој го одигра целиот натпревар, брилијантно го отвори натпреварот и по само четири минути со головите на Паркер и Зимлинг стигна до предност од 2:0.Мајнц ја контролираше играта се до 65.минута кога поради вториот жолт картон беше исклучен Пошпеч. Фрајбург од тој момент ја презеде играта, но до израмнувањето стигна во финишот, најпрвин Сантини намали на 2:1 во 86.минута, а натпреварот во продолженија го однесе Калигули со погодокот од пенал во 93.минута. Истиот играч постигна гол во 108. минута со што го однесе Фрајбург во полу финалето. Вториот полу финалист е Волфсбург, која ја оправда фаворитската улога против третолигашот Кикер Офенбах, забележувајќи победа со 1:2. Стрелци на головите за Волфсбург беа Олиќ и Дост во второто полувреме од натпреварот.
Макфакс
Фудбалерите на Мајнц не успеаја да се пласираат во полу финалето на германскиот Куп, откако по

loading...