МВР го следело Кичевец додека се среќавал со блиски луѓе на Заев, и Боки 13 со Катица Јанева

Loading...

Снимка на која се гледаат неколкумина мажи седнати во кафеана го отвори прашањето на денешното рочиште за „Рекет“. Дали сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец бил на средба со блиски луѓе на Заев. На судењето беа презентирани видеата снимани од полицајци кои ги следеле обвинетите, но снимката беше нејасна за јавноста.

По ова на паузата пред новинарите обвинетитот Јовановски тврдеше дека се работи за братот на поранешниот премиер Вице Заев и неговиот адвокат Ване Андреев.
Обвинителката Вилма Рсуковска вели дека на снимката не ги забележала посочените, но и дека никој од истражителите не ја известил.

Во исто време беа пуштани и снимки од следењето на Бојан Јовановски кои откриваа дека на 1 и 6 јули, само десетина денови пред апсењето, Боки 13 бил на гости кај Катица Јанева. Следејќи го полицајците дошле до улицата Стрезвоска бр 20 во Козле каде живееше Јанева додека беше специјален обвинител.

Боки 13 и Тамара (долу) се фалеа на времето со луксуз на Инстаграм

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...