Во екот на новогодишните и божиќните празници, Министерството за внатрешни работи организира нова превентивна кампања „Пиротехника не, безбедност пред сè“, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици и повреди од употребата на петарди и останати пиротехнички средства, а воедно и за изрекувањето на санкции за нелегална продажба и употребна на пиротехника.
-Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви сè последици може да има употребата на овие средства. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба, велат од МВР.