Меган Маркл истакна дека верува дека кралското семејство влијае на нејзиното пријателство со Викторија и Дејвид Бекам.Имено, како што пренесува RadarOnline, на Маркл и’ пречи тоа што Дејвид и Викторија се чувствуваат удобно со британското кралско семејство, бидејќи таа смета дека треба да му покажат поголема лојалност.Семејството Бекам неодамна беше фотографирано како поминува време со кралот Чарлс III во Хај Гроув Хаус, а тоа не и’ cе допадна на Меган.
David and Victoria Beckham lead glittering celebrity guest list at black-tie dinner hosted by King Charles and Queen Camilla https://t.co/bwaavM7sQ6— Romy Honda (@hondaromy1) February 9, 2025
Уште пред да го запознае принцот Хари, Маркл имаше многу планови и желби да соработува со Викторија. После тоа, Бекамови беа гости и на свадбата на Меган и Хари.За потсетување, на 4 март на Нетфликс ќе биде објавена серија за животот на Меган Маркл наречена „Со љубов, Меган“ и ќе се состои од осум епизоди.Во серијата „Со љубов, Меган“ ќе се појават и пријателите и членовите на семејството на војвотката, како што се нејзиниот сопруг принцот Хари, Минди Калинг и Даниел Мартин. Како што претходно беше најавено, серијата ќе претстави уште една, пореална страна од животот на Меган Маркл.