МЕДВЕДЕВ: Испорачување системи со долг дострел на Киев е најбрзиот пат до светска војна

„Забелешката на генералниот секретар на НАТО дека победата на Русија ќе значи пораз на Северноатлантската алијанса е директна потврда дека блокот учествува во војната против нашата земја… Чесниот Норвежанец конечно призна“, изјави Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Медведев денеска изјави дека снабдувањето на Киев со повеќе ракетни системи со долг дострел (MLRS) ќе биде најбрзиот начин за ескалација на конфликтот на ниво на светска војна.

„Најбрзиот начин да се ескалира конфликтот во Украина до неповратни последици од светска војна е да се снабди Киев со повеќецевни системи со долг дострел“, напиша Медведев во објавата на социјалната мрежа Телеграм.

Да потсетиме, Столтенберг денеска изјави дека победата на Русија во конфликтот со Украина ќе биде пораз на НАТО. Столтенберг најави и вежби на НАТО за нуклеарно одвраќање во блиска иднина.

Во меѓувреме, Германија и го предаде на Украина првиот систем за противвоздушна одбрана IRIS-T, најсовремениот систем за противвоздушна одбрана во Германија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.