Медена земја, сладок мед и горчлива политика

Loading...

Медена земја, земјата која е препознатлива по медот, неговото производство, квалитетот на истиот, традиционалното одгледување на пчелите кое трае со векови од луѓе кои пчелите ги имаат издигнато на ниво на култ. Која е таа земја? „Заостанатата“ Македонија која (преку „досегашниот“ конститутивен народ, Македонците) на прекрасните медени луѓе, се разбира Турци, Албанци и Босанци, им го загорчила животот па мора да живеат во такви примитивни услови. Македонците ги нема во приказната, тие се таму некаде и пристојно живеат современ живот. Жртвите се останатите кои се мачат во филмот. Ама филмот е за пчелите, не биди националист, ми велат. Зошто тогаш на пазарот Атиџе поставува прашања за националната припадност на пазарџијата, каква врска има тоа со медот, па нели филмот е за медот и Атиџе и која случајност тоа да ти бил Албанец од мешан брак со босанка, знаете, во Македонија ниту има пчелари Македонци ниту пак пазарџии Македонци, воопшто во филмот нема ниту еден лик Македонец, макар и како шофер во некое комбе или овчар некаде во планината?
Дека се работи за случување во Македонија, во филмот се дознава преку првата реченица слушната на радиото, односно временската прогноза за Македонија. Па така, во запустените предели во кои живеат немакедонците, нема ниту радио сигнал од македонското национално радио (што е тотална невистина). За истиот да се долови, жртвите мораа да изработат „специјална“ антена, па со вешта манипулација на истата, некако успеаа да го доловат цивилизираниот свет на Македонците. Како поинаку да ја сфатам сцената? И каква врска оваа сцена има со медот и Атиџе? Изработката на антената е посебна приказна која пред западната зомбирана публика и деца растени во саксија на петти кат во гратски ѕид може да помине. Секој еден што шетнал или живеел низ руралните предели на Македонскиот полуостров, знае дека сите руралци како антена користат или само парче жица, кое е многу ефикасно решение, или стара вилушка машки забодната во дупката кај што стоела фабричката антена пред да биде скршена. Со цел ставање акцент на бедата на актерите е и употребата на кемен при изработката на истата. Човекот нема чекан!!! Секој што поседува и користи трактор и камион, слични или исти како и сопственоста на домаќинот на многудетното турско семејство, знае дека без чекан не може ништо да се направи околу истите, значи со сигурност го поседува, ја знаете и онаа поговорка „немој на сила, земи поголем чекан“ во која се пронаоѓа секој балканец, но зошто во сцената се користи камен? За бедата да биде поголема?
Во Македонија постојат многу села во кои има многу лоши услови за живот, има осамени и измачени стари луѓе, во многу од тие села се одгледуваат пчели во традиционални кошници, но случајно или не изборот падна на Атиџе и само на неа, иако како што самата признава во интервјуто за СТВ, дека во соседното село има и Македонци кои на тој начин чуваат пчели. Зошто барем не се споменати ако немало место за компаративна приказна. Можеби и била случајна приказната, но вешто е конструирана во антимакедонски правец.
Последниве години сведоци сме, а докази постојат и за векови наназад, на тенденција на уништување на македонската култура и народ од една страна и обиди за исламизација на регионот. Дали фашистичко-глобалистичките интереси за исчезнување на Македонија и Македонците, но и неоотоманските амбиции на Турција, се споија во Медена земја? Ова брзо ќе го дознаеме преку зголемувањето на бројот на разни развојни и хуманитарни проекти од западот но и од исламскиот свет во средините со муслиманско население. Впрочем и до сега такви проекти се реализираат од одредени западни амбасади но и од Турција и арапските држави. Исклучиво во етнички мешани средини и секогаш во прилог на муслиманите. Јас не сум слушнал за проект за интеграција и враќање на Македонците протерани од Арачиново, Опае, Липковско и слично од некоја странска амбасада, ниту од домашните предавници инсталирани на власт.
Во репортажата на 360° еден од членовите од филмската екипата изјавува: Не очекувавме две номинации!!!! Можеби само за една било договарано за да се испромовира неуставното име како замена на вековниот назив на медената земја, и се разбира барем тука во филмот со причина, Македонци не постојат.
Во истата репортажа и Атиџе на прашањето на новинарката како дознала, вели дека случајно пуштила на радио и слушнала а и претходно и спомнале Стефанов и Котевска дека се спремаат за оскар, што исто така укажува на можноста дека не било се така случајно. За А1 пак изјавува дека е сигурна дека ќе добијат оскар.
И капката што ја прелева чашата исполнета со сомнеж, секако се сугестиите и финансиите што, каде и како да снимаат од страна на швајцарската агенција за развој и соработка SDC. Вака Даут одговори на прашањето „А како филмаџиите ја открија медената земја“? Замислете, ни помалку ни повеќе, тонската постпродукција ја правеле во Бејрут.?! Од Швајцарија, преку Турците во Македонија, па се до Бејрут, никаде ниту еден Македонец. Браво!!!
Темата за пчелите е прекрасна и многу посодржајна од сите аспекти, за што сведочат многу дела меѓу кои и она на Платон, Идеална држава, за кое лично сметам дека е инспирирано од социјалната организација на пчелната заедница, но тука е злоупотребена тема во негативен политички контекст за Македонците.
Убаво е чувството на некаков успех на светско ниво, но запомнете дека патот до пеколот со злато и слава е поплочен.
На Атиџе и посакувам се најдобро, а на политичките конструктори и оние желните за слава по секоја цена дека вистината секогаш излегува на виделина.

Медена земја, сладок мед и горчлива политика Медена земја, земјата која е препознатлива по медот, неговото…

Gepostet von Bobi Georgievski am Samstag, 25. Januar 2020

loading...