Медитеранската исхрана може да им помогне на луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза

Целта на истражување објавено во Nutritional Neuroscience беше да се открие која диета, односно начин на исхрана е најдобар за лицата кои се борат со оваа болест.

-Некои пациенти можеби слушнале дека треба да избегнуваат глутен или да следат диета богата со протеини и ниски јаглехидрати, позната како кето диета. Сепак, ова не е добар совет бидејќи може да се појават недостатоци на хранливи материи, изјави нутриционистот Киран Кембел за Eat This.
Таа додаде дека медитеранскиот начин на исхрана е најдобар бидејќи добро влијае на централниот нервен систем.

Медитеранската исхрана може да им помогне на луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза

-Иако повеќето истражувања за овој тип на диета се фокусираат на ублажување на кардиоваскуларните болести, исто така е докажано дека делува подеднакво добро за луѓето со дијабетес, Алцхајмерова болест, ментални нарушувања, депресија, артритис или рак, рече таа.
Сепак, таа ги потсети сите читатели дека не постои диета која „магично“ ќе ги излечи симптомите на МС, туку дека медитеранската исхрана е корисна поради нејзините антивоспалителни својства.

Пронајдете не на следниве мрежи: