Медитеранска салата со пилешко

Loading...

Доколку сте љубители на оброк салати, ќе ви се допадне овој рецепт.
Состојки:
500 гр пилешки стек
Лажичка мелен коријандер
Лажичка сушено оригано
Сол и бибер
5 лажици маслиново масло
4 лажици балсамико
Магдонос
Марула
3 краставици
Авокадо
Маслинки
Шери домати


Начин на подготовка:
Пилешкото месо посолете го со коријандер, оригано, сол и бибер и испечете го на скара. Откако ќе се излади исечете го на ленти.
Подгответе го преливот за салатата така што ќе измешате маслиново масло, балсамико, магдонос и посолете.
Измијте и исечкајте ја марулата. Исечканите краставици, шери домати, авокадо и маслинки ставете ги во марулата, додајте го и пилешкото месо и прелијте со сосот. По желба може да додадете и брускети.

loading...