МЕДИУМИ: НЕКОЛКУ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СЕ ПОД ИСТРАГА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОЛЖНОСТА, КОРУПЦИЈА И ПЕРЕЊЕ НА ПАРИ, А СЕ ОД ЛИСТИТЕ НА МИЦКОВСКИ

Против најмалку тројца скопски градоначалници е отворена истрага поради злоупотреба на службена должност, корупција и перење пари, наведуваат за медиумите извори во МВР.

По ваквите информации се поставува прашањето дали Данела Арсовска токму поради ова реши да се одвои од Мицквовски. Имено објавено е дека и Перински, кој што беше разрешен од Данела бил вмешан во работи по инструкција од неговиот шеф…

Дали се работи за кавга за НЕВЕРОЈАТНИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА:

…понудата на австриската компанија која разрешениот Перински ја фаворизирал е за неверојатни 20 милиони евра поголема од понудата на турско-американскиот конзорциум…
Компанијата која Перински работел да го добие тендерот е ќерка фирма на австрискот ЕВН кон кое според нашите информации Мицкоски има нерасчистени долгови

Како што неофицијално дознаваме најмалку тројцаа градоначалници во изминатата година успеале на барање на Христијан Мицкоски да направат неколку кривични дела поради кои во моментов се предмет на истрага.

Во текот на вчерашниот ден градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска соопшти дека се разрешува директорот на скопскиот Водовод, Златко Перински како и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски. И двајцата важат за исклучително блиски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а Перински своевремено беше и шеф во кабинетот на Христијан Мицкоски.

Информациите се дека Перински по директива на Мицкоски фаворизирал австриска компанија за добивање на тендерот за изградба на пречистителна станица на Вардар. Наметнувајќи услови кои ги немало во препораките од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка, Перински дефакто исклучил од можноста за аплицирање на тендерот на реномиран турско-американски конзорциум.

Компанијата која Перински работел да го добие тендерот е ќерка фирма на австрискот ЕВН кон кое според нашите информации Мицкоски има нерасчистени долгови. И она што е најважно е што понудата на австриската компанија која разрешениот Перински ја фаворизирал е за неверојатни 20 милиони евра поголема од понудата на турско-американскиот конзорциум.

Откако Арсовска ги разреши Перински и Велковски таа им понудила на останатите директорски кадри на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставка или да бидат разрешени бидејќи како што вели градоначалничката во својот последен пост наместо во интерес на скопјани тие работеле во интерес на Христијан Мицкоски.

Случајот со ЈП Водовод не е изолиран случај во кој партиското раководство на чело со Мицкоски ги користи општините за остварување на лични интереси.

Веднаш по раскинувањето на коалицијата помеѓу ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна односите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се лоши подолг период, но она што ја прелило чашата се обидите на Мицкоски да ја контролира работата на општина.

Покрај мешањето во работата на општината, Јакимовски откриј и други скандалозни детали за закани, уцени, притисоци и рекет од страна партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

-Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош – нагласи Јакимовски.

Јакимовски во повеќе наврати потенцираше дека Мицкоски ја злоупотребувал својата положба како претседател на ВМРО-ДПМНЕ со цел лично богатење, уценувајќи, рекетирајќи бизнисмени кои биле заинтересирани да инвестираат во општините со кои раководи опозицијата.

Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош – нагласи Јакимовски

Истото го нагласи и градоначалничката Данела Арсовска на вчерашната прес-конференција посочувајќи поединци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваат да тераат лични интереси во општините и институциите со кои раководат кадри на партијата.

-Нашите односи со ВМРО-ДПМНЕ се одлични. Односите со поединци во ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да тераат лични интереси може и да не се толку добри, вели Арсовска.

Токму кривичните пријави против тројца градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се кулминација и потврда за обвинувањата на Јакимовски и Арсовска кои очигледно пресретнале милионски криминал и од таа причина денес се најдоа на различни страни со раководството на партијата.

Извори на Инфомакс тврдат дека на различни начини од сите општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ месечно се испумпуваат над 20-тина илјади евра кои наводно завршуваат во сефот во партијата, а многу поверојатно во џебот на Христијан Мицкоски.

Останува да видиме како правосудните органи ќе се справат со овие сериозни обвинувања на двајцата градоначалници, но и каков ќе биде понатамошниот тек на постапката против тројцата градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за кои има поднесени кривични пријави.

Очигледно петте години опозициско делување изгладне многу „нови лица“ во партијата, а најненаситен е токму претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој како шпицен градоначалник ги контролира и менаџира процесите во сите општини со коои раководи партијата.

Извор 1

Извор 2

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.