Меки и воздушести: Екстра брзи сомуни за 15 минути

Loading...

Идеални за доручек или вечера, брзо се прават, превкусни се!
СОСТОЈКИ:
200 мл јогурт
200 гр брашно
малку пченкарно брашно
1 лажичка сол
малку сода бикарбона
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки измешајте ги, разматете ги со лажица, а кога ќе престане да се лепи, месете со раце. На подлогата каде ќе месите посипете малку брашно, па уште малку замесете.
Замесеното тесто поделете го на 6 дела, па ставете во намастен плех. Загрејте ја рерната и печете десетина минути на 220 степени. Кога ќе се испечат, извадете ги и малку премачкајте ги со вода и свиткајте во крпа. Оставете да се изладат.
Добар апетит!

loading...