Меки како памук: Највкусните кифли со сирење што некогаш ќе ги пробате!

Loading...

Идеални се за појадок, но и за вечера или закуски. Подготовката е брза.
Состојки:
2 еднакви лажички сув квасец
250 мл млеко
2 лажички шеќер
700 гр брашно
1 лажичка сол
120 мл масло
3 јајца
200 гр сирење
сусам
јајце за обложување

Подготовка:
Ставете го квасецот и шеќерот во топло млеко, а потоа додадете го брашното и другите состојки. Месете го тестото и оставете го добро да кисне.
Кога убаво ќе нарасне, расукајте го со сукало за да стане многу тенко.
Се сече на ремени ширина од 2 до 3 см а потоа на подолги 10 см за да добиете правоаголници. Исечете ги добиените правоаголници на две или три места, и над нив ставете сирење. Завиткајте ги кифличките и ставете ги во плех за печење, па премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам.
Печете ги кифлите на 200 степени додека не поруменат.
Пријатно!
За полесна подготовка, погледнете го видеото:

loading...