Мексиканско тако

500 г говедско мелено месо
2 домати
1/2 главица црвен кромид
неколку листови марула
200 г кашкавал
200 мл кисела павлака
4 тортиљи
мексикански сос
1. Испржи го месото. Кога ќе почне да добива боја, додади го мексиканскиот зачин и пржи додека не стане целосно кафено.

2. Припреми Pico De Gallo
Исечи ги доматите и кромидот на мали коцки, за да направиш Pico De Gallo. Ова е всушност наједноставната верзија на Pico. Ако сакаш да го направиш на оригиналниот, вистински начин, тогаш додади коријандер, зелена пиперка, лимета и лимон.

taco-2

3. Растопи го кашкавалотЗа крај, земи една од тортиљите, стави ја на тавче и греј ја 1-2 минути. Додади парче кашкавал и затвори го тавчето за кашкавалот да се растопи. Кога ќе имаш сè спремно, твојата станица за послужување на Такос треба да изгледа вака:

taco-44. Направи го Такото
Почни со месото, додади Pico, марула и од сосовите.

 

Loading...