Мексиканци oд љубов кон тимот Вардар, основале свој ракометен тим под истото име во Мексико

Loading...

Како дознавте за Вардар? Колку време сте лојални фанови?

Вардар стана познат во Мексико откако ја освоија титулата во Лигата на Шампионите во 2017-та година. Од тогаш започна и нашата љубов кон тимот и веќе 2 години сме негови најголеми поддржувачи.

Тимот на Вардар Мексико е дел од аматерската лига наречена “Liga Regiomontana de Balonmano”. Всушност денес (26 септември) е 2 години од основањето.

Во 2017 година бевме шампиони во втората дивизија. Ова е регионална лига во Северно Мексико (Монтереј). Има повеќе шампионати од овој тип низ целата земја.

Колку фанови има Вардар во Мексико?

Во Мексико околу 200. На нашата Фејсбук страница има 700, луѓе од повеќе од 20 земји, најмногу од Македонија и Мексико.

Кои се ваши омилени играчи?

Без сомнение, сите се одлични. Но, сепак, наши фаворити се Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс.

Земајќи ја предвид временската разлика, кога ги гледате натпреварите на Вардар?

Распоредот ни одговара, ги гледаме натпреварите на ehftv.com околу 10-12 часот во Мексико.

Може ли Вардар да биде Европски шампион и оваа сезона?

Да, секако! Не се сомневаме дека е ова прва класа тим со спектакуларни играчи кои се особено мотивирани да ја освојат титулата. Тоа е тим со најдобри навивачи во Македонија, Мексико и низ целиот свет!

Имате ли планови да ја посетите нашата земја и да го гледате Вардар во живо?

Обавезно! Всушнот, планираме да дојдеме следната година. Многу сакаме да гледаме натпревар во живо и да ја запознаеме Македонија – ни изгледа како прекрасна земја.

Ги знаете ли навивачките песни за Вардар?

Да, ги слушаме на сите натпревари, а често и на YouTube.

Минатата година од vardarfanshop.com набавиле навивачки материјали – маици, блузони, шалови и приврзоци. Планираат да купуваат и годинава. Велат дека е малку сложено да стигнат сите овие материјали до Мексико, па затоа, се решиле тимот на Вардар Мексико да има дресови во истите бои.

Може да ги следите на:
Facebook: /RKVardarMX
Instagram: @rkvardarmx
Liga Regiomontana: /Liga-Regiomontana-de-Balonmano-215258122314023
мк.вести
извор:bulevar.mk

loading...