Мек, сочен и вкусен: Колач од цреши

Loading...

Искористете ја сезоната на цреши на најдобар можен начин.
СОСТОЈКИ:
5 јајца
180 гр брашно
180 гр гриз
300 гр исчистени цреши
200 мл јогурт
80 гр кристал шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
80 мл масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измиксајте пет белки со прстофат сол, постепено додавајте шеќер и миксајте. Потоа додајте ванила и пет жолчки. Ставете и масло и јогурт, продолжете со миксање. На крај додајте брашно и прашок за печиво. Соединете. Потоа таквата маса префрлете ја во калап за печење. Ставете исчистени цреши од горе. Печете на 180 степени 30-35 минути. Декорирајте по желба и вкус.
Уживајте!

loading...