Меланија: Збогум!

Loading...

Меланија Трамп од вчера повеќе не е прва дама на САД. И се чини дека е пресреќна поради тоа.
Сопругата на екс-претседателот Доналд Трамп беше една од трендинг темите на Twitter во изминатите 24 часа, почнувајќи од нејзиниот моден избор за последниот ден како прва дама, до фактот дека јавноста не ја видела понасмеана отколку вчера, до фактот дека веќе не ѝ е гајле како таа и сопругот се претставени и доживеани во јавност.
Најмногу „прашина“ крена нејзиното однесување по заминувањето од Белата куќа и слетувањето во Флорида.


Имено, Доналд Трамп застана на излезот од авионот, им позираше на фотографите и ги поздрави новинарите, а Меланија само продолжи да оди, лежерна и непотресена, облечена во фустан Gucci од 3.700 долари, подготвена за новиот живот.


Твитерџиите толку чекаа. Веднаш следеше лавина од коментари, како „Словенката веќе не е*е жива сила“, „Ми заврши договорот за преправање“ и слично.

loading...