Меланија со заработка од 100.000 долари од авторски права за нејзини фотографии

Loading...

Од стапувањето на нејзиниот сопруг на должноста претседател на САД, Меланија Трамп заработила стотина илјади долари од фото-агенцијата Гети, за објавување на нејзини фотографии, објави Ен-Би-Си Њуз.
Неодамна објавениот финансиски извештај за претседателот Трамп открива дека фотогеничната прва дама во 2017 година заработила најмалку 100.000 долари за употреба на 187 фотографии направени меѓу 2010. и 2016 година.


Доселеничка во САД од Словенија, Меланија Трамп имаше кариера на манекенка пред да се омажи со Доналд Трамп.

loading...