Меланија Трамп не сака да зборува со Џил Бајден, еве што се случува

Loading...

Меланија Трамп, првата дама на САД, оди по чекорите на сопругот Доналд Трамп, па одлучила да не оствари телефонски разговор со идната прва дама, Џил Бајден.
Трампови не ја признаваат победата на Бајден на изборите, а претседателот на САД, според „CNN“, засега нема намера да го прими Џо Бајден во Белата куќа.
Трамп тврди дека имало изборна кражба и најавува тужба до Врховниот суд.


„Дејли Мејл“ додава дека госпоѓа Бајден веќе си направила распоред за идните акции.
„Џил е фокусирана на градење на нејзиниот тим и план за остварување на приоритетите кои се засновани на образование, семејствата на војниците и ветераните, како и бобата против ракот“, рекол Мајкл де ла Рос, портпаролот на Џо Бајден.
Се додава и дека изразила желба да продолжи да работи како наставник.

loading...