Мемеди најави оставка на функцијата потпретседател на Собранието и ќе го врати пратеничкиот мандат

На денешната прес-конференција претседателот на НДП, Весел Мемеди рече дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи ова министерство им припаѓа на Албанците. Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата. Ваквата одлука, како што рече тој, партиските тела ја донеле откако Собранието го разреши министерот за локална самоуправа, Сухејл Фезлиу.
-Бидејќи целата јавност знае дека сме дале збор дека ќе ја кажеме вистината и само вистината, денеска ја информираме целата јавност за нашиот став. Како прво, не може да има пазар за министерско место, бидејќи оваа министерство секогаш го воделе министри Албанци, и јас немам мандат да правам пазар во име на Албанците и да го доставам оваа министерство на коалициониот партнер на СДСМ, рече тој.
Како второ, како што рече тој, нема никакво морално право, ниту друго право, да жртвува една чесна и способна фигура како што е министерот Сухејл Фазлиу.

Loading...