Мене лично ме интересира дали кандидатот за претседател има три грама мозок, напиша Најчевска

Мирјана Најчевска, професорка, активистка и експертка од областа на човековите права со контроверзен углед, активен борец за промоција и заштита на човековите права на маргинализираните групи на својот Фејсбук профил уште еднаш потенцира дека кандидатите треба да се фокусираат на државата а не на себе:
– Мене лично ич не ми е гајле дали кандидатот за претседател вежба јога или готви или прима љубовни писма или има роденден или …
Мене лично ме интересира дали кандидатот за претседател има три грама мозок за да се снајде во сложените општествени односи, дали има три грама чесност за да не ја злоупотреби функцијата, дали е конзистентен во ставовите кои ги изнесува, дали поддржува вредности блиски на цивилизираниот свет кој живее во 21 век, дали има принципи и храброст да опстане на овие принципи и тогаш кога е изложен на притисок, дали е свесен што значи да се биде претседател на држава и дали е спремен да биде претседател на граѓаните на Република Северна Македонија.
Знам дека сум објективно минималистичка во своите барања, меѓутоа во моментов ова ми изгледа прилично максималистичко, напиша таа.

 

Loading...