Мерката притвор се продолжува за нови 30 дена и за Зоран Милевски Кичеец

Loading...

Освен за Бојан Јовановски познат како Боки 13, мерката притвор се продолжува и за Зоран Милевски Кичеец, второосомничен во случајот “Рекет“ – информираат денес од Кривичниот суд.
– Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, денеска ( 13.09.2019 ) постапувајќи по предлог на надлежниот Јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје, е наведено во соопштението на Судот.

loading...